Резиме на проектот



Зелени згради за заедничка зелена иднина - Греен
Project No. CB006.1.11.038
Програма CCI 2014TC16I5CB006
Наслов на проектот Зелени згради за заедничка зелена иднина - Греен
Приоритетна оска ​животна средина​
Специфична цел 1.1 Заштита на животната средина и одржливо користење на заедничките природни ресурси во пограничната област
Водечки партнер Центар за развој на источниот плански регион, Македонија
Проектен партнер Областна администрација Благоевград
Времетраење 24 месеци
Буџет (во евра) 408.680,66
Дејности по проектот
1. Проектен Манаџмент

Управувањето со проектот е активност које ќе се реализира во текот на целото имплементирање на проектот. Структурирана е во три под активностите кои се неопходни за ефикасно управување на проектот и тоа се: административната координација, финансиската координација и техничка координација. Во рамките на активноста ќе бидат реализирани сите активности кои се поврзани со оформување на проектниот тим, подготовка на проектната документација (извештаи, коресподенција и др), имплементирање на предвидените активности, мониторинг и контрола и затварање на проектот.

2. Прес-конференции промоција на проектот

Со цел промовирање на проектот пред пошироката јавност на почетокот на имплементација на проектот ќе се одржат две пресс-конференции, по една во Штип и Благоевград. Со овие промоции на едноставен и ефикасен начин, проектот ќе биде промовиран и во исто време, целите и очекуваните резултати ќе бидат презентирани пред пошироката публика. На настаните ќе бидат поканети претставници на медиумите, представници на општините и институции, невладиниот и приватниот сектор. Ќе бидат подготвени и дистрибуирани до новинарите и другите учесници информативни и едукативни материјали. Со емитување на извештаите на новинарите од прес конференциите на радио, ТВ и онлајн медиуми, на пошироката јавност во пограничниот регион, ќе и биде презентиран проектот.

3. Зајакнување на капацитетите - климатски промени

Со цел зголемување на капацитетот на претставниците на општинските и регионалните администрации, како и на претставниците на институциите и невладини организации за справување со последиците од климатските промени, ќе се организира обука со тема климатските промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени. Преку обуката учесниците ќе ги зголемат знаењато и разбирањето на климатските промени, што ќе придонесе за соодветно дефинирање на локалната и регионалната политика во однос на овој проблем и ќе се создадат услови за креирање на проекти за ублажување на последиците од климатските промени.

4. Кампања за зголемување на свесноста

Зголемување на свесноста во однос на последиците од климатските промени и мерките кои може да се преземат за да се адаптираме кон тие промени е цел на оваа активност. Кампањата ќе биде организирана како алатка за зголемување на свесноста во однос на климатските промени, одржливо користење на енергијата и изградба на „зелена“ инфраструктура.

Кампања ќе се состои од две сета на активности:

1.подготовка и дистрибуција на едукативни материјали, вклучувајќи производство и емитување на видео и аудио спот и

2. Кампања со користење специална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија која се напајува со електрична енергија добиена од сонцето.

Во рамките на кампањата, мерките за ублажување на климатските промени кои можат да се имплементираат на локално или регионално ниво ќе бидат разработени во детали и презентирани.

Во рамките ан кампањата ќе биде криеран и Веб-сајт и страница на Фејсбук, а на Веб сајтот ќе бидат прикажани реалните заштеди во однос на енергија, финансиски средства и намалување на емисиите на штетните гасови кои се постигнати со реализација на градежните работи во проектот.

5. Зајакнување на капацитетите – “зелена инфраструктура“

Во рамките на оваа активност ќе биде одржан тренинг за Зелена инфраструктура. На тренингот ќе присуствуваат претставници на општините кои се дел од Источниот регион и општини кои се дел од Благоевградската област. Целта на тренингот е да се зголеми знаењето на учесниците во однос на т.н.зелена инфрастрктура. Учесниците ќе се запознаат со важноста на градење на зелената инфраструктура за да се ублажат климатските промени со што ќе се создадат услови за поголема примена на зелената инфраструктура и за промовирање на зелениот транспорт. Ова ќе им помогне на учесниците во процесот на дефинирање на политиките кои се однесуваат на животната средина. Политиката на ЕУ за зелената инфраструктура, општи информации за тоа што е и како да се изгради зелена инфраструктура и примери од повеќе земји ќе се презентираат.

6. Градежни работи во Кочани

Градежните работи во Кочани опфаќаат реконструкција на зградата на општина Кочани со цел подобрување на енергетската ефикасност на самиот објект. Ќе се изврши реконструкција на фасадата, промена на кровот, промена на прозорците и изградба на соодветна инфраструктура за пристап и движење на лица со посебни потреби ( лифт и тоалет). Ќе се изгради и т.н. зелен кров на стариот дел од општинската зграда. Со реконструкцијата на објектот ќе се зголеми класата на енергетска ефикасност на објектот и објектот од класа Д ќе стане класа Б.

7. Градежни работи во Благоевград

Градежните работи во Благоевград опфаќаат реконструкција на зградата на Регионалната Администрација на Благоевградската област со цел подобрување на енергетската ефикасност на самиот објект. Ќе се изврши реконструкција на фасадата на приземјето, првиот и вториот кат, како и реконструкција на кровот. Со реконструкцијата на објектот ќе се зголеми класата на енергетска ефикасност на објектот и објектот од класа Д ќе стане класа Ц.

8. Тематски работилници и кампања

Со цел поттикнување на младите да преземат мерки за заштита на животната средина во нивните домови, како што се заштеда на енергија и вода, користење на помалку пластика, грижа за животната средина, рециклирање на отпадот и сл., ќе се одржи серија од две тематски работилници во комбинација со кампања за подигање на свеста. Кампањата ќе се реализира преку одржување на 3 еднодневни настани во 3 општини во Источниот плански регион (Штип, Кочани и Берово) во Македонија, како и одржување на 2 работилници во Благоевград. Цел на оваа активност е младите луѓе на возраст помеѓу 10 и 17 години. На крајот од работилниците, младите ќе бидатво можност да направат разлика помеѓу основните поими за климатските промени и ќе бидат запознати со факторите кои ги предизвикуваат климатските промени (природни и човечки).

9. Регионална стратегија за енергија

Во рамките на оваа активност ќе се изработи Регионалната енергетска стратегија РЕС 2020 кој еќе служи како заедничка стратешка рамка на регионално ниво. Документот е основна алатка за спроведување на сите мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија од обновливи извори на енергија во регионот на Благоевград. Стратегијата ќе се подготви со учество на сите заинтересирани страни и во рамките на процесот на подготовка ќе се одржат две работилници на кои учество ќе земат сите заинтересирани страни. По формулирање на стратегијата ќе се одржи настан за промоција на Стратегија пред пошироката јавност.

10.Затварање на проектот – промоција на проектните резултати

Постигнатите проектни резултати ќе бидат промовирани на две прес конференции кои ќе се одржат во Штип и Благоевград. Со овие прес конференции постигнатите проектни резултати ќе бидат промовирани пред пошироката публика. На настаните ќе бидат поканети претставници на медиумите, представници на општините и институции, невладиниот и приватниот сектор. Ќе бидат подготвени и дистрибуирани до новинарите и другите учесници информативни материјали на кои ќе бидат презентирани постигнатите проектни резултати. Со емитување на извештаите на новинарите од прес конференциите на радио, ТВ и онлајн медиуми, на пошироката јавност во пограничниот регион, ќе и бидат презентирани проектните резултати.

Резултати од проектот

1. Реконструирана општинска зграда во Кочани – подобрена енергетска ефикасност
2. Реконструиран дел од зграда на регионална администрација во Благоевград – подобрана енергетска ефикасност
3. Изграден зелен кров на општинска зграда во Кочани
4. Намалени трошоци за енергија во реконструираните објекти
5. Создадени услови за пристап и движење на лица со посебни потреби во општинска зграда во Кочани
6. Зголемена свесност за климатските промени и мерките за намалување на последиците од климатските промени
7. Обучени 40 луѓе за климатски промени, мерки за намалување на последиците, “зелена“ инфраструктура и “зелен“ транспорт
8. Подготвени брошури, флаери, промотивен и едукативен материјал
9. 360 млади луѓе (10 – 17 години) се со подобрено знаење и свест за климатските промени

Целни групи

Млади луѓе на возраст од 10 до 17 години (360) кои преку учество на работилниците и еднодневните настани во рамките на кампањата ќе го подобрат своето знаење во однос на климатските промени.

Претставници на општините и регионалната управа, претставници на НВО и приватниот сектор (80) кои ќе учествуваат на обуките кои ќе се одржат во рамките на проектот и на кои ќе се стекнат со знаење во однос на климатските промени, зелената инфраструктура и зелениот транспорт.

Вработените во општина Кочани и во обласната администрација во Благоевград (240) на кои преку реконструкција на објектите ќе им се подобрат условите за престој и работа.

Институции (2) Општина Кочани и Обласната управа Благоевград кој со подобрување на енергетската ефикасност на објектите ќе остварат финансиски заштеди.