Работен состанок Благоевград 25 Јануари 2017
October 25, 2017
Пресконференција Кочани 28 Фебруари 2017
October 25, 2017

Пресконференција Благоевград 03 Април 2017



Датум на настан:

03.04.2017

Датум на објава:

07.04.2017

Наслов на информација:

Оддржана Прва Прес конференција за проектот

“Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија во Благоевград, Бугарија

Текст:

На 03ти Април 2017 година (Понеделник), Обласната Администрација Благоевград, Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Македонија во Благоевград оддржаа заедничка прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ - ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

На прес конференција се промовира целта и активностите предвидени за реализација во рамки на проектот GREEN пред Градоначалници на општините од двата региони и останати представници од локалните самоуправи од Источниот плански регион и Област Благоевград како и претставници од останати региони, претставници од Заедничкиот Технички Секретаријат, претставници од електронски и печатени медиуми, бизнис секторот и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион. Настанот го посетија над шеесетина учесници.

На прес конференцијата свое обраќање за важноста и значењето на Проектот имаа:

- Г-дин Валериј Сарандев, Областен Управител на регионот Благоевград, Бугарија;

- Г-дин Ратко Димитровски. Претседател на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на Општина Кочани, Македонија;

- Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Водечки Партнер на проектот ГРЕЕН и

- Г-ѓа Асија Велкова, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН.

Проектот ќе се реализира во регионот Благоевград, Бугарија иИсточниот плански регион, Македонија. Проектните активности се во правец на заштита на животната средина и оддржливо користење на природните ресурси во целниот прекуграничен регион.  Целни групи кои ќе се опфатат со проектот се млади луѓе на возраст од 10 до 17 години, претставници на општините и обласната администрација, претставници на невладиниот сектор и приватниот сектор, вработените во општина Кочани, Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Администрација во Благоевград.

Со проектот ќе се реализираат низа од активности и на двете страни од регионот со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи во делот на заштитата на животната средина.

Активностите предвидени во рамки на проектот пред присутните ги претстави, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН, Г-ѓа Асија Велкова која подетално ги образложи активностите како што се:

-Управување со проектот;

-Спроведување на серија од работилници за зајакнување на капацитетите за климатски промени и обуки на теми за климатски промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени и значењето на зелена инфраструктура;

-Спроведување на иновативна кампања за зголемување на свесноста за одржливо користење на енергијата и изградба на „зелена“ инфраструктура, подготовка и дистрибуција на едукативни материјали, вклучувајќи и изработка и емитување на видео и аудио спот;

-Користење на специјална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија за промоција на проектот;

-Изработка на посебна Веб и Facebook страна за промоција на проектот;

-Градежни работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска класа од D во B;

-Градежни работи на зградта на Регионалната Управа Благоевград;

-Изработка на регионална Стратегија за еднергија и промоција на проектот и проектните резултати.

Проектот промовира соработка и нови иновативни практики во делот на заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки во текот на реализацијата, размена на искуства и најдобри практики помеѓу двата региони.

По официјалниот дел на прес конференцијата следеше широка дискусија за темата која ја обработува проектот како и изјави на претставниците за медиумите од Област Благоевград и од Источниот плански регион.

Краен рок за спроведување на проектот е Октовмри 2018 година.

Вкупниот буџет на проектот е 398.436,00 евра.

Клучни зборови:

Прес конференција ГРЕЕН

Јазик:

Македонски и Англиски јазик

(внеси име на file):

Линк од мени (категорија)  каде треба да се постави:

Да се постави во новости


home_politics_pdf_large

Програма

home_politics_pdf_large

Покана