Промотивна кампања проект ГРЕЕН

Дводневна обука Климатски промени
June 27, 2018
Прва тематска работилница
June 28, 2018

Организирана промотивна кампања на тема “Климатски промени” за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани, Берово
Во периодот од 20-22 Ноември 2017 година, Центарот за развој на Источен плански регион-Штип во рамки на проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина” CB006.1.11.038, финансиран од првиот повик на ИНТЕРРЕГ- ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија – Р. Бугарија, спроведе промотивна кампања на тема “Климатски промени” за учениците од основните училишта од општините Штип, Кочани, Берово. Промотивната кампања, турнеја беше наменета за за ученици од 5 (петто) одделение со цел да се поттикнат младите луѓе да преземаат акции за заштеда на електрична енергија и вода, да користат помалку пластика, да се грижат за животната средина, да рециклираат отпад, да се подигне свеста за глобалните климатски промени, фокусирајќи се на ефектите од истите. Учениците преку игра и забава имаа можност да го зајакнат своето знаење и вештини, за тоа како да се справат со климатските промени и еколошки прашања поврзани со истите.
За оваа активност беше обезбедено специјално опремено возило, адаптирано за презентации на сите “зелени” мерки за енергетска ефикасност, истото беше лоцирано во училишниот двор и учениците по групи го посетуваа возилото. Се организираа повеќе атрактивни игри се со единствена порака дека секој може да придонесе за посветла иднина и да влијае на намалување на глобалните закани од климатските промени. Во рамки на оваа активност се посетија ООУ “Тошо Арсов” од општина Штип, ООУ “Никола Карев” од општина Кочани и ООУ “Дедо Иљо Малешевсли” од општина Берово.

1. Регионална телевизија Канал 8 Кочани
2. Регионална телевизија ТВ Стар Штип