Започнаа градежните активности за реконструкција на административната зграда во општина Кочани

Оддржана Прва прес конференција за проектот БГ
June 27, 2018
Дводневна обука Климатски промени
June 27, 2018

Започнуваат градежните активности за реконструкција и адаптација на административната зграда во општина Кочани во рамките на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија – Р. Македонија
Во рамките на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” се започна со реализација на главната активност од проектот, градежни работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска ефикасност од класа D во класа B. На 17ти Мај 2017 година во Општина Кочани, претставници од Центарот за развој на Источен плански регион како носител на проектот и Општина Кочани како партнер во проектот оддржаа координативен состанок со избраниот Изведувач на градежните работи компанијата “Анoл Импекс” – Скопје и фирмата одговорна за вршење на стручен надзорот над објектот „Студио Атриум“ – Штип со цел официјално воведување во работа на изведувачот, разгледување на објектот од страна на стручните лица и дискусија околу динамичкиот план за изведување на работите. Во текот на наредните месеци треба да се изврши промена на фасадата, комплетна промена на надворешните прозори и врати, реконструкција на кровот, изградба на зелен кров на новата зграда како единствен репрезентативен примерок во регионот, поставување на лифт и адаптација на тоалети за лица со физички хендикеп.

Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од Интерег ИПА – Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р. Бугарија – Р. Македонија, Центарот за развој на Источниот плански регион е Водечки партнер во соработка со Обласната администрација Благоевград, партнер во проектот.

Со проектот се промовира соработка и нови иновативни практики во делот на заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки во текот на реализацијата, размена на искуства и најдобри практики помеѓу двата региони. Крајниот рок за завршување на активностите во рамки на проектот ГРЕЕН е 18 Октомври 2018 година.