Оддржана Прва прес конференција за проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН”, финансиран од Првиот повик на Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија во Благоевград, Р. Бугарија
На 03ти Април 2017 година, Обласната Администрација Благоевград, Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Македонија во Благоевград оддржаа заедничка прес конференција за промоција на проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина – ГРЕЕН” финансиран од Првиот повик на ИНТЕРРЕГ – ИПА програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.
На прес конференција се промовира целта и активностите предвидени за реализација во рамки на проектот GREEN пред Градоначалници на општините од двата региони и останати представници од локалните самоуправи од Источниот плански регион и Област Благоевград како и претставници од останати региони, претставници од Заедничкиот Технички Секретаријат, претставници од електронски и печатени медиуми, бизнис секторот и останати заинтересирани страни од прекуграничниот регион. Настанот го посетија над шеесетина учесници.
На прес конференцијата свое обраќање за важноста и значењето на Проектот имаа:
Г-дин Валериј Сарандев, Областен Управител на регионот Благоевград, Бугарија;
Г-дин Ратко Димитровски. Претседател на Советот за развој на Источен плански регион и Градоначалник на Општина Кочани, Македонија;
Г-ѓа Драгица Здравева, Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион, Штип, Водечки Партнер на проектот ГРЕЕН и
Г-ѓа Асија Велкова, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН.
Проектот ќе се реализира во регионот Благоевград, Бугарија и Источниот плански регион, Македонија. Проектните активности се во правец на заштита на животната средина и оддржливо користење на природните ресурси во целниот прекуграничен регион. Целни групи кои ќе се опфатат со проектот се млади луѓе на возраст од 10 до 17 години, претставници на општините и обласната администрација, претставници на невладиниот сектор и приватниот сектор, вработените во општина Кочани, Центарот за развој на Источен плански регион и Обласната Администрација во Благоевград.
Со проектот ќе се реализираат низа од активности и на двете страни од регионот со отворени можности за вмрежување и отворени дискусии за заедничките прашања и перспективи во делот на заштитата на животната средина.
Активностите предвидени во рамки на проектот пред присутните ги претстави, Координатор од бугарска страна на проектот ГРЕЕН, Г-ѓа Асија Велкова која подетално ги образложи активностите како што се:
Управување со проектот;
Спроведување на серија од работилници за зајакнување на капацитетите за климатски промени и обуки на теми за климатски промени и мерки за намалување на последиците од климатските промени и значењето на зелена инфраструктура;
Спроведување на иновативна кампања за зголемување на свесноста за одржливо користење на енергијата и изградба на „зелена“ инфраструктура, подготовка и дистрибуција на едукативни материјали, вклучувајќи и изработка и емитување на видео и аудио спот;
Користење на специјална мобилна лабораторија и мобилна канцеларија за промоција на проектот;
Изработка на посебна Веб и Facebook страна за промоција на проектот;
Градежни работи на административната зграда на Општина Кочани и промена на нејзината енергетска класа од D во B;
Градежни работи на зградата на Регионалната Управа Благоевград;
Изработка на регионална Стратегија за еднергија и промоција на проектот и проектните резултати.
Проектот промовира соработка и нови иновативни практики во делот на заштита и зачувување на животната средина преку употреба на нови технологии и мерки во текот на реализацијата, размена на искуства и најдобри практики помеѓу двата региони. По официјалниот дел на прес конференцијата следеше широка дискусија за темата која ја обработува проектот како и изјави на претставниците за медиумите од Област Благоевград и од Источниот плански регион.
Краен рок за спроведување на проектот е Октомври 2018 година. Вкупниот буџет на проектот е 398.436,00 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=gdlZLSlFe4g
http://www.bl.government.bg/bg/2010-09-16-11-02-04/1718-2017-03-12-17-48-38
http://www.bl.government.bg/bg/2010-05-26-12-12-04/1720-2017-03-28-14-40-28
http://www.e-79.com/news-107903.html
http://www.e-79.com/news-108066.html
http://www.e-79.com/news-108066.html
http://www.e-79.com/news-107903.html